Општини во кои биле констатирани надминувања односно каде што нивоата на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух ги надминуваат граничните или целните вредности, како и општините кои имаат повеќе од 35.000 жители имаат обврска да подготват План за квалитет на воздухот. До 31 Март секоја година, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Листа на општини каде се евидентирани надминувања на гранични/целни вредности. Листите се достапни на следниот линк:
МЖСПП континуирано ги поддржува ЕЛС во подготовката на локалните плански документи, вклучувајќи ја нивната изработка во рамките на проектните активности финансирани од ЕУ, како и со обезбедување на финансиски средства од Програмата за инвестиции во животната средина за изработка на Плановите.